Се одржа вториот состанок на Управниот одбор

Во Скопје, на ден 4.6.2018 во 13.00 часот, се одржа вториот состанок на Управниот одбор (Steering Committee) на твининг проектот “Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата”. На состанокот се усвоија: проширувањето на членството со нови претставници од пилот подрачјата, Вториот периодичен квартален извештај, Третото оперативно писмо и Извештајот од студиската посета во Литванија. Беше дискутирано околу Предлог правилникот за обележување и визуализација и Предлог планот за вклучување на засегнати страни. Оценето е дека активностите се спроведуваат согласно планираната динамика на проект. Управниот одбор се состои од 25 членови и наблјудувачи и нивни заменици. 

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.