Анализа на влекачи

Во неделата 8-12.10.2018 проектниот експерт од Финска, Петри Алрот, продолжи со истражувањата на разновидноста на видови, коишто живеат во Преспанското езеро – Споменик на природата, заедно со експертот од Македонија, од проектот Подобрување на управувањето на заштитетние зони, Драган Арсовски.

Заедно, тие го изработуваат нацртот Протокол за мониторинг, тестирајќи ги методите на терен, што е во рамките на третата проектна компонента: зајакнување на капацитетите за развој на методологијата за мониторинг за наблјудување на домашната биоразновидност со цел изработка на Националната мониторинг програма за наблјудување на биоразновидноста на национално ниво.

За време на истражувачката посета на експертите од твининг проектот Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата финансиран од Европска унија, во периодот 28.10-10.11. 2018 година, се пронајде уште еден вид влекач од Анекс IV на Директивата за живеалишта, под падините во атарот на село Отешево, во Преспанското Езеро.

Кратконогото гуштерче (Ablepharus kitaibelii) е гуштер со тенки нозе и змијовидни очи, од фамилија (Scincidae). Овој мал,тенок гуштер расте до 15 сантиметри и живее под камења и лисја на суви места, како што се јужните падини, полиња и ливади. Преферира полуотворени, топли шумски живеалишта. Кожата е бронзена, со темни страни. Очните капаци се неподвижни, за разлика од многу други кратконоги гуштери. Кратконогото гуштерче е активно за време на самракот, ловејќи инсекти и полжавчиња.

 

 

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.