Натура 2000 за природата и за луѓето

Под мотото “НАТУРА 2000…ЗА ПРИРОДАТА…ЗА ЛУЃЕТО” на 05 април 2019 година, во хотел Порта во Скопје се одржа прва работилница со засегнатите страни за Натура 2000 процесот во источниот плански регион (ИПР). Во рамките на Програмата за зачувување на природата (ПЗП Со грижа до бериќет)- фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, кон исполнување на целта „Подобрување на статусот на природните вредности во Брегалничкиот регион”, вклучени се активности за идентификација и селекција на предлог Натура 2000 подрачја во Источниот плански регион, кои треба да бидат дел од Европската еколошка мрежа- Натура 2000.

Овој настан се организира од партнерите во ПЗП (Министерство за животна средина и просторно планирање, Фармахем, Macedonian Ecological Society и Центар за развој на Источниот плански регион).

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.