Ажурирана е Референтната листа

Во периодот октомври-ноември 2018 г., стручните соработници од Финска и од Македонија ги проверија податоците и нивната релевантност за живеалишта и видови на васкуларни растенија, кои што се од национално и европско значење, добиени од теренските истражувања во проектот во текот на 2018 година. Ги ревидираа и првите факто-картички за селектираните видови и живеалишта од Директивата за живеалишта на ЕУ, за кои покрај основните податоци внесоа и ГПС координати на локација. Со теренски проверки и верификација со литература, тимот од двете земји заедно ја надополнија Референтната листа на македонските васкуларни растенија и мовови согласно Директивата за живеалишта на ЕУ. Со нивниот заеднички труд Референтната листа од претходно прикажаните само 4 вида, сега достигна податоци за 13 вида на васкуларни растенија и 3 вида на мов. Некои од нив припаѓаат во националната листа за строго заштитени видови во Македонија (лист 1), какви што се Aldrovanda vesiculosa, Fritillaria gussichiae и Lindernia procumbens лоцирани околу Преспанското езеро. Други видови спаѓаат во листата за заштитени видови на Македонија (лист 2), како што се Tozzia carpathica и Spiranthes spiralis лоцирани на падините на Пелистер. Меѓу нив застапени во листата се мововивте на Buxbaumia viridis, Mannia triandra, Diphasiastrum alpinum, Lycopodium clavatum итн.

 

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.