Брегалнички регион

“НАТУРА 2000…ЗА ПРИРОДАТА…ЗА ЛУЃЕТО” кон природата – приоритетни типови на живеалишта во брегалничкото сливно подрачје.

Во основа Натура 2000 процесот се базира пред сé на зачувување на природните вредности од аспект на живеалиштата. Преку соодветна заштита на типовите на живеалишта се обезбедува заштита и на севкупниот жив свет кој егзистира во нив. Последново особено е насочено кон типовите на живеалишта за кои според Директивата за живеалишта треба да се фаворизира раното спроведување на мерките за нивно зачувување, односно истите се означени како приоритетни.

Во спроведување на “Програмата за зачувување на природата” од страна на експерти за живеалишта во брегалничкото сливно подрачје се утврдени 15 приоритетни типови на живеалишта.

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.