Натура 2000 во поддршка на зелената инфраструктура

Зелена инфраструктура

Мрежата на здрави екосистеми често нуди економични алатернативи на традиционалната „сива“ инфраструктура и бројни други придобивки, како за жителите на Европска Унија, така и за биодиверзитетот. ЕУ е промотор на користењето на зелени инфраструктурни решенија базирани врз природата.

Што е тоа во пракса

Зелената инфраструктура претставува стратешки планирана мрежа на природни и полуприродни подрачја кои поседуваат еколошки карактеристики кои се созадаваат и управуваат така што ќе овозможат пласирање на широк дијапазон на екосистемски услуги, како што се: прочистување на водата, квалитетен воздух, простор за рекреација, ублажување и адаптација на климатските промени .

Покрај заштитата на природните вредности, оваа мрежа овозможува развој на зеленото стопанство со нови работни места. Подрачјата на мрежата на Натура 2000 се ‘рбетот на оваа зелена инфраструктура. Стратегијата за зелена инфраструкутра на ЕУ ги има за цел заштитата, реставрацијата, создавањето и унапредувањето на зелената инфраструктура да станат составен дел од просторното планирање и територијалниот развој.
http://ec.europa.eu/environm…/nature/ecosystems/index_en.htm

 

 

 

http://ec.europa.eu/environment/nature/ecosystems/index_en.htm

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.