Се одржа првиот состанок помеѓу граѓанските организации и проектот за Натура 2000

Интересни дискусии поттикна првиот состанок одржан во зградата на АЕК, меѓу проектот „Зајакнување на капацитетите за имплементација на НАТУРА 2000“ и граѓанските организации кои работат на полето на заштита на животната средина и природата. На состанокот беа презентирани целите на проектот но и начинот на соработка со граѓанскиот сектор во долготрајниот процес кои претстои за имплементација на НАТУРА 2000. Првиот чекор е направен, следи интензивирање на соработката!

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.