Се одржа работилница – „Вовед во Натура 2000“ во НП Галичица

Вработените во Националниот парк Галичица, Хидробиолошкиот институт во Охрид, Министерството за животна средина и просторно планирање, Делегација на ЕУ, Скопје, невладини организации и луѓе кои се занимаваат со туристички активности во природата учествуваа на третата работилница од проектот “Градење на капацитетите за имплементација на Натура 2000”. Работилницата ја отвори Влатко Трпески, од Министерството за животна средина и просторно планирање, а збор земаа и Андон Бојаџи од НП Галичица и Даниел Богнер, тим лидерот на проектот.

На работилницата беа споделени искуства од другите земји кои веќе поминале низ процесот за воспоставување на Натура 2000, за очекувањата и резултатите. Исто, така беше разговарано за потенцијалното влијание од спроведувањето на Натура 2000 во случај паркот стране дел од Натура 2000 мрежата на Европската Унија.

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.