Јакнење на капацитетите

 Од страна на Хари Карјалаинен, експерт од Финска во рамки на Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата“ беа спроведени активностите од IV Компонента проектот со наслов: Понатамошна транспозиција и зајакнување на административните капацитети за спроведување на законодавството за заштита на природата.

Целта на неговата мисија, на 25-29 март 2019, беше да се оцени капацитетот на администрациите на заштитените подрачја за нивно управување, во согласност со барањата на ЕУ директивите за живеалишта и птици. Експертот спроведе интервјуа со персоналот на НП Пелистер, НП Галичица и Општина Ресен како управувач со Споменикот на природата – Преспанско Езеро и Паркот на природата – Езерани.
Интервјуата беа спроведени преку соодветен прашалник, а користени се и податоци од МЕТТ анализата за оценка на ефикасноста во управувањето на наведените заштитени подрачја.

Експертот одржа состанок и со Секторот за природа при Министерството за животна средина и просторно планирање со цел добивање насоки за подготовка на Извештај за проценка на институционалните капацитети во делот на спроведување на ЕУ директивите за природа и законодавството за заштита на природата.
Покрај овој извештај, мисијата на експертот ќе помогне во изработката на комплет препораки за организационата структура, коминикација, потреби за обука, опрема, управување со човечки капацитет и др., во насока на спроведување на ЕУ директивите за природа и законодавството за заштита на природата.

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.