Јавна консултативна работилница во Ресен

Во просториите на Општина Ресен на 10.04.2019 година се одржа Јавна консултативна работилница за нацрт- Планот за управување со споменикот на природа Преспанско езеро, согласно барањата на Директивата за живеалишта односно Натура 2000. Учесниците дискутираа за вредностите на водениот и копнениот екосистем и заканите од антропогено влијание врз опстојувањето на видовите флора и фауна. Истакнато е дека треба да се преземат мерки за кампања за подигнување на јавната свест на локалното населенение и генерално пошироко на целокупната јавност, со цел за да се разбере потребата од зачување на Преспанското езеро согласно начелата на Натура 2000.

Учесници посочија дека Општина Ресен како субјект за управување со Споменик на природа – Преспанско Езеро и идно Натура 2000 подрачје, потребно е да ги зајакне капацитетите со соодветен стручен кадар и опрема за мониторинг.

Пораката од оваа работилница е дека е потребно вградување на заштитата на биолошката разновидност и живеалиштата во другите сектори, особено во земјоделството и можностите за субвенционирање на еколошки подобно земјоделство, нови услови за еко-туризам, како и низа финансиски субвенции за секоја иницијатива со цел за зачувување на биолошката разновидност и унапредување на животот во регионот на Преспанско езеро.

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.