Се одржаа предавања за птиците во Стење

Во мониторинг станицата на Преспанското езеро се одржа предавање за децата од основното училиште Браќа Миладиновци. Податоците за присутните птици во овој регион и нивното значење во рамката на Натура 2000 беше од страна на експертите за птици на проектот за имплементација на Натура 2000 – Ники Петков и Михаил Илиев, додека општиот дел за еко системите и значењето на природата го покрија претставници од Општина Ресен и Министерството за животна средина. Потоа настанот продолжи со посета на бродот за мониторинг, гледање на  птици со специјален двоглед и објаснување на видовите, како и со посета на инфо центарот во кој може да се видат слики од птиците, но и од присутните риби во Преспанското езеро.

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.