Друга придобивка е подобрување на законската регулатива. Многу закони треба да бидат усогласени пред влезот во ЕУ, а оној што ги опфаќа заштитата на природата е еден од нив. Постоењето на законска регулатива која е создадена врз истата основа значи подобра координација и подобри резултати.
Но, може да се праша – доколку земјата мора да чека додека да стане членка, кој е бенефитот/придобивката од започнување на процесот за Натура 2000 додека земјата сè уште е кандидат? Одговорот е дека повисокото и поконтролирано зачувување е од корист за нејзината сопственост, дури и пред подрачјата да се официјално дел од Натура 2000.
Покрај тоа, Натура 2000 поставува нови можности во руралните средини преку развој на еко-туризмот, одржливо земјоделство и користење на природните ресурси на начин кој не ја загрозува животната средина. Натура 2000 може да стане важен извор на приходи за локалното население, а тоа опфаќа:
- Развој на туризмот – еколошката мрежа Натура 2000 позитивно влијае на животната средина и тоа е научно докажано. Според тоа, ова привлекува туристи и зголемување на бројот на посетители;
- Откако ќе стане членка, сопствениците на земјиштето може да имаат корист од тоа што се наоѓаат во Натура 2000 подрачја и може да се очекува финансиски придобивки за локалното население кое извршува активности за заштита на Натура 2000 подрачјата;
- Влада исто така може да се добие финансирање и програми за подобрување на состојбата на инфраструктурата (за патишта, канализација, велосипедски патеки, образование и програми за обука и натпревари, итн.) во подрачјата од Натура 2000 откако земјата ќе влезе во ЕУ.