Програма за зачувување на природата на Македонија, финасисрамна од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC)

NCPПрограмата за зачувување на природата во Македонија е проект на  Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и е наменета за поддршка на активности за зачувување на природата и локалниот развој на Брегалничкиот регион. Програмата поддржува и интервенции на национално ниво кои се очекува да имаат влијание врз зачувувањето на биодиверзитетот и природата воопшто. Програмата ќе ѝ помогне на Република Македонија во остварувањето на барањата на NATURA 2000, еден од условите за пристап во ЕУ. Прочитајте повеќе на следната Web адреса.

Во рамките на проектот:Програма за зачувување на природата на Македонија” во 2015/16 година изработена е Студија за состојбата со геодиверзитетот и геолошкото наследство на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност). Врз основа на студијата, моментално се работи на изработка на првата нацрт верзија на Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План.

Исто така, во рамките на Програмата за зачувување на природата на Македонија во 2015 година изготвен е Извештај: “Анализа на недостатоци во еколошки податоци и изработка на карта на еколошка сензитивност за сливот на река Брегалница”.

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.