Обука за инвентаризација и мониторинг на безрбетници

Обука за инвентаризација и мониторинг на безрбетници во НП Пелистер и СП Преспанското Езеро, беше организирана за вработените од ЈУНП Пелистер и Сектор за животна средина Општина Ресен, припадниците на други заштитени подрачја, национални експерти, домашни и странски студенти и НВОи. Работилницата се одржа во периодот од 8 јули до 11 јули 2019. Целта беше да се презентираат резултатите од Твининг проектот за инвентаризацијата и подготовката на протоколи за мониторинг на безрбетници, да се презентира практичното пребројување (инвентар) на терен и да се дискутира за принципите Фотографија на Natura 2000 MK.за управување со видови на безрбетници во различни типови на живеалишта (крајбрежните живеалишта на Преспанското Езеро, село Крани, село Брајчино, во низинските ливади на НП Пелистер и околу Манастирот Св. Петка,).

 

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.