Обука за мониторинг на видови водоземци и влечуги

На 15.5.2019 се одржа обука на ренџерската служба и управувачот на двете заштитени подрачја: Паркот на Природа Езерани и Преспанско Езеро Споменик на Природа, коишто се во надлежност на Општина Ресен, за спроведување на инвенторизација и мониторинг програма на видовата разновидност на водоземците и вклечугите во овие две заштитени подрачја.

Видовиот состав на овие две исклучитено важни групи на биоразновидноста во заштитените подрачја во преспанскиот крај брои преку 66% од видовите кои се среќаваат на листата на видови од Европско значење според директивата за живеалишта а во врска со НАТУРА 2000.

Обуката се спроведе со техничка помош на експертите од ЕУ Твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата“ и од проектот за Подобрување на управувањето со заштитените подрачја, кој се спроведува од страна на УНДП. Двата пректи се финансирани од ЕУ и се спроведуваат и од Министерството за животна средина и просторно планирање.

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.