Работилницата за инвентаризација и мониторинг на живеалишта и васкуларни растенија

Во период од 8 јули до 11 јули 2019 година се одржа Работилницата за инвентаризација и мониторинг на живеалишта и васкуларни растенија во Националниот Парк Пелистер и Споменикот на Природа Преспанско Езеро. Обучувачи беа краткорочниот експерт од Финска на Твининг проектот– Кимо Сирјанен и претставниците од Институот за биологија при Природно-математичкиот факултет на УКИМ во Скопје, Проф.д-р Владо Матевски и прФотографија на Natura 2000 MK.оф. Рената Чуштеревска. Работилницата беше организирана со цел подобрување на знаењата на сегашните студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, како и за подобрување на знаењата и вештините за практична работа на вработените на ЈУНП Пелистер и Секторот за животна средина на Општина Ресен.
На работилницата беа презентирани резултатите од Твининг проектот за пребројување (инвентар) и подготовка на протоколи за мониторинг на типови живеалишта и видови растенија. Презентирањето беше практично со работа на терен. Притоа, беа тестирани протоколите за мониторинг на песочните живеалишта на брегот на Преспанското Езеро, на алпските ливади околу Широка и Големо Езеро во НП Пелистер, но исто се тестираа протоколите за мониторинг на моликовата шума (Pinus peuce) на потегот помеѓу хотел Молика и Копанки.
Во рамки на овие актвиости беа посетени селото Крани, источниот брег на Преспанското Езеро, центарот Копанки, областа Орлови Бари, селото Шрково, селото Нижеполе и селото Брајчино на Пелистер.

 

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.