Работна средба

Во Информативниот центар на Јавната установа национален парк Пелистер на 11.04.2019 година се одржа Работна средба за координација на активностите за изработка на Студијата за валоризација / ревалоризација на природните вредности на Националниот парк Пелистер. Тимот на твининг проектот ги презентираше досега спроведените истражувања за живеалиштата и видовите во НП Пелистер. Твининг проектот ќе даде и прилог кон студијата за вредностите од значење за Натура 2000. Од страна на фирмата Деконс-Ема изработувач на студијата презентирана е работната динамика и видот на документи што треба да се подготват, со цел НП Пелистер да добие квалитетна Студија којашто ќе ги истакне сите вредности на флората, фауната и живеалиштата на подрачјето, согласно националното законодавство и ЕУ законодавството за заштита на природата, означувајќи го НП Пелистер за високо-вредно, потенцијално, идно Натура 2000 подрачје. Во рамките на средбата беа презентирани и активностите за валоризација и мониторинг на природните вредности на НП Пелистер од тековниот проект на ЕУ/УНДП: Унапредување на управувањето со заштитени подрачја.

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.