Се одржа 4от состанок на Управниот одбор на твининг проектот

Членовите на Управниот одбор на твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата“ ја одржаа својата, редовна, тромесечна средба за согледување на резултатите од четвртиот квартал на проектот. На ден 14.12.2018 во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање, Управниот одбор одржа 4ти состанок кога оцени дека твининг проектот ги спроведува редовно своите активности. Во текот на 2018 година се спроведени теренските истражувања на видови и живеалишта во пилот подрачјата на проектот и се изработени повеќе нацрт подзаконски акти за потенцијални Натура 2000 подрачја. Работата продолжува во 2019 година.

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.