Информации за проектот:
IPA Component I (TAIB 2011) |
Зајакнување на капацитетите за имплементација на НАТУРА 2000, финасисран од ЕУ |
EUROPEAID/ 136609/IH/SER/MK |
10-22418/1 |
12 месеци |
01 февруари 2016 |
31 јануари 2017 |
Проектот: Зајакување на капацитетите за имплементација на Натура 2000“ е финансиран преку ИПА Компонентата, а земјата-корисник е одговорна за подобрување и усогласување на законодавството од областа на заштита на природатаво со законодавството на ЕУ од оваа област, во насока на членство во ЕУ
- Корисник на проектот е Министерството за животна средина и просторно планирање. Ова министерство заедно со клучните учесници/засегнати страни се одговорни за успешно спроведување на проектот.
- За реализација на активностите од проектот, формиран е конзорциум воден од Particip GmbH и ангажирани се тројца клучни експерти од Австрија, Шпанија и Чешка, кои ќе придонесат со своето искуство и знаење.
- Клучни учесници (засегнати страни): Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јавни установи Национални паркови Пелистер, Галичица и Маврово, други субјекти за управување со заштитени подрачја, Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), сопственици и корисници на земјиште, секторите туризам, лов и риболов и многу други.
- Општата цел на проектот е да се зголеми ефикасноста на подготовката на земјата корисник за пристапување во ЕУ во областа на заштитата на природата.
- Целта е да се помогне на земјата-корисник да изврши подготовка на воспоставување на мрежата Натура 2000.
Активности во проектот:
Компонента I: Хармонизација на националното законодавство со директивите на ЕУ
- Изработка на Извештај за проценка на празнините (ГАП) за спроведување и усогласување со законодавството ЕУ за заштита на природата,
- Подготовка на препораки за измени и дополнувања на Законот за заштита на природата и друга примарна и секундарна легислатива,
- Подготвкa на нацрт-текст на измени и дополнувања на Законот за заштита на природата со Кореспондентна табела и подготвени предлог-текстoви на најмалку два подзаконски акти со Кореспондентна табела.
- Подготовка на План за имплементација на Директивата за птици и живеалишта
Компонента II: Проценка на национално ниво на потенцијални локации според Директивите за птици и живеалишта за мрежа Натура 2000
- Подготовка на Предлог-Националната листа на видови птици од Прилог I од Директивата за птици и други птици преселници, кои редовно се појавуваат во земјата-корисник
- Подготовка на Предлог-Националната листа на типови на живеалишта од Прилог I од Директивата за живеалишта
- Подготовка на Предлог-Националната листа на растенија и животни од Прилог II од Директивата за живеалишта
- Преглед на постоечки податоци за видовите на живеалиштата и видовите од референтната листа и идентификација на празнини
- Собирање на податоци од теренски истражувања
- Пополнување на недостатоци во орнитолошките податоци и подготовка на листа на потенцијални Посебни заштитени области (SPA)
- Идентификација на 7 предложени Натура 2000 подрачја
Компонента III: Изработка на ГИС систем за Натура 2000
- Изработка на Студија за развој на Географски информациски систем (ГИС) на Натура 2000 мрежата на земјата-кориснии и изработка на дигитални границите на избраните 7 подрачја
- Изработка на дигитални ГИС карти на предложените локации за Натура 2000 мрежата на земјата корисник
Активност IV – Зајакнување на административниот капацитет за спроведување на законодавството за заштита на природата
- Проценка и израбока на план за зајакнување на административните капацитети за Натура 2000 за спроведување на централно и локално ниво со програма за обука
- Имплементација на краткорочни план за обука за засегнатите страни Натура 2000.
Активност V – Кампања за подигнување на јавната свест за Натура 2000
- Изработка на Програма за јавни конслутации и информации
- Изработка на информативни алатки за Натура 2000 за јавност