Tестирање на методологиите на терен

Tвининг проектот „Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство од областа на заштита на природата“, финансиран од Европската унија, воспостави соработката со проектот “Подобрување на управувањето со заштитените подрачја” финансиран од УНДП. Проектот “Подобрување на управувањето со заштитените подрачја” има за цел да ја подобри заштитата на природата и да промовира одржливо користење на природните добра, истовремено зголемувајќи го капацитетот на надлежните за управување на заштитените подрачја, локалните самоуправи и граѓанските организации.


Експертите на овој проект проф. Рената Ќуштеревска и проф. Владо Матевски (од Македонија) ќе работат заедно со експертите од Твининг проектот Кимо Сирјанен (од Финска) и Арунас Балсевиќиус (од Литванија) на следниве активности: собирање податоци за значајни живеалишта на двете пилот подрачја (Пелистер и Преспанско Езеро); развивање методологија за пребројување и наблјудување на живеалиштата, особено земајќи ги предвид методите за преточување на националната класификација на живеалишта и вегетацијата во класификацијата на Директивата за живеалишта на ЕУ; тестирање на методологиите; спроведување обуки за мониторинг, инвентаризација и методи на наблјудувањето. Заедничката работа започна на 2.10.2018 со теренското истражување во Националниот парк Пелистер.

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.