Во октомври продолжи обуката на обучувачите

Меѓу 04.-06.10 се одржа и вториот модул на обуката на обучувачи на тема Соодветна проценка во врска со Натура 2000. Делови од Директивата за живеалишта беа анализирани како и искуствата од други земји на Европската Унија. Matjaž Harmel, Daniel Bogner и Sissi Samec беа презентери и модератори на работилницата.

Како дел од вториот модул на обуката на обучувачи беше вклучена и теренска работа во Националниот парк Маврово. Претставници на проектот, на Министерството и на паркот, заедно со учесниците на обуката дискутираа во природа во врска со имплементацијата на Натура 2000.

Теренска работа во Националниот парк Маврово

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.