Трет состанок на Управниот одбор на твининг проектот

Во Скопје, на ден 10.9.2018 во 13.00 часот, се одржа третиот состанок на Управниот одбор (Steering Committee) на твининг проектот “Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата”. Присутни беа 17 членови и наблјудувачи и нивни заменици на Управниот одбор. На состанокот се дискутираше и се донесоа некои заклучоци:

  • Твининг проектот се спроведува според планот. Во првите три квартали исполенти се 41% од експертските денови.
  • Се поддржува патувањето на терен на вработените од заштитените зони и МЖСПП, како поддршка на странските експерти во проектот.
  • Се интензивира соработката на МЖСПП -Сектор за природа, Тимот на твининг проектот, УНДП и ПОНТ заради ангажирање на домашни стручни соработници во спроведувањето на активностите од Компонентите 1, 2 и 3.
  • Се преземаат чекори за одобрување на процесот за набавка на опремата за теренско истражување.
  • Усвоени се записникот од вториот состанок на Управниот одбор, Третиот квартерен извештај, Третиот пропратен допис, Четвртиот оперативен пропратен допис, како и Извештајот за буџет.

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.