Визија за истражување

Вистинската смисла на твининг проектите е заедничко истражување на терен и заедничка изработка на методологија за мониторинг на биодиверзитетот на национално ниво и подготовка на Национална мониторинг програма за биодиверзитетот (компонента 3 од проектот). Помагајќи во интензивната работа на терен, ренџерот од НП Пелистер Гоце Цуцулоски се здоби со визија за континуирано истражување на видовите пеперутки во Националниот парк Пелистер според Анексите од Директивите за живеалишта, листите на Натура 2000 како и Црвената листа на ИУЦН.

Неговата збирка на детектирани видови пеперутки во периодот пролет-лето 2018 е импозантна. Со поддршка од експертите од Финска, Литванија, Министерството за животна средина и просторно планирање и со колегите ренџери од Националниот парк Пелистер, неговите истражувања продолжуваат во иднина со цел утврдување на богатството на нашата природа.

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.