Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата

Програма: Твининг

Назив на проектот: MK 13 IPA EN 02 17; „Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата” 

Корисник: Министерство за животна средина и просторно планирање, Сектор природа

Партнери од земјите членки: Фински институт за животна средина; (Suomen ympäristökeskus, SYKE); Metsähallitus, Паркови и див свет на Финска и Државна служба за заштитени подрачја (SSPA), Литванија

Траење: Периодот за имплементација е 21 месец; 18.11.2017 – 17.8.2019

 Буџет: 1,1 M€

Одговорни лица: Лидер на Проектот од земјата членка Др. Петри Алрот, Јуниор проектен лидер од земјата членка г. Рута Башките, лидер на Проектот од земјата корисник г. Влатко Трпески, постојан советник на Проектот г. Арто Ахокумпу и координатор на Проектот (постојан советник на земјата корисник), г. Сашко Јорданов.

Цел на Проектот:  Целта на Проектот е да се зајакнат административните капацитети на МЖСПП/ Управата за животна средина и Секторот за природа за спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата, преку унапредување и спроведување на регулативата, спроведување на обуки и законодавството кое се однесува на заштитата на природата

Клучни резултати:

  1. Понатамошно унапредување на законодавството за зачувување на природата, за да се задоволат барањата на Директивите за живеалишта и птици.
  2. Подобрување на капацитетите за управување на административно и локално (теренско) ниво за спроведување на активностите за заштита на природата.
  3. Изготвени методи и протоколи за инвентаризација и мониторинг, кои ги задоволуваат барањата на Директивите за живеалишта и птици. 

 

Компоненти: 

КОМПОНЕНТА 1: Зајакнати капацитети за подготовка на нацрт планови за управување со природните заштитени подрачја кои се од национален интерес и ЕУ интерес за зачувување (потенцијални идни НАТУРА 2000 подрачја): Клучен резултат: Два нацрт плана за управување на потенцијални подрачја на Натура 2000.

КОМПОНЕНТА 2: Зајакнати капацитети за подготовка на студии за валоризација на природните вредности (вклучувајќи собирање на податоци на терен и ажурирање на Образецот за стандардизирани податоци) за природните заштитени подрачја кои се од национален интерес и интерес на ЕУ за зачувување (потенцијални идни подрачја на НАТУРА 2000). Клучен резултат: две предлог-студии за валоризација на природните вредности за потенцијалните подрачја на Натура 2000; Спроведена инвентаризација во две пилот подрачја.

КОМПОНЕНТА 3: Зајакнати капацитети за изготвување на Методологија за мониторинг на биодиверзитетот на национално ниво и подготовка на Национална програма за мониторинг на биодиверзитетот. Клучни резултати: изготвени протоколи и практики за  мониторинг за 20 живеалишта, 20 видови и 20 птици; подготвна нацрт Национална програма за мониторинг на биодиверзитетот.

КОМПОНЕНТА 4: Понатамошно транспонирање и зајакнување на административните капацитети за спроведување на законодавството за заштитата на природата.

Клучни резултати: Анализа на институционалните капацитети, со подготвени препораки; подготвени четири предлог подзаконски акти; подготвен план за вклученост на заинтересираните страни за Натура 2000 и обезбедена обука на 20 лица на различни теми поврзани со имплементацијата на NATURA 2000.

 

Contacts:

www.natura2000.gov.mk

www.facebook.com/Natura2000MK/

Instagram Natura2000MK

Постојан советник на Проектот, Арто Ахокумпу: e-mail: arto.ahokumpu@metsa.fi

Координатор на проектот, Сашко Јорданов: e-mail: S.Jordanov@moepp.gov.mk

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.