Јавно мислење

“НАТУРА 2000…ЗА ПРИРОДАТА…ЗА ЛУЃЕТО”
Партнерите во Програмата за зачувување на природата (Со грижа до бериќетМинистерство за животна средина и просторно планирање, Фармахем, Македонско еколошко друштво Macedonian Ecological Society и Центар за развој на Источниот плански регион) кон исполнување на активностите за кампања за Натура 2000 во месец март 2019 година, спроведоа истражување на јавното мнение помеѓу граѓаните на брегалничкото сливно подрачје. Aнкетата покрај тоа што требаше да утврди ниво на свест кај граѓаните во однос на заштита на природата и Натура 2000 има за цел и да делува информативно кај истите во однос на оваа тема. Ова истражување беше направено на репрезентативен примерок од 643 испитаници во урбаните и руралните населби во регионот, од страна на независна истражувачка агенција.
Од резултатите на анкетата, 97% од испитаниците тврдат дека природата во регионот е уникатна и траба да се зачува, додека 70% сметаат дека природата во регионот не е доволно зачувана. Кон Натура 2000 темата само 10% од испитаниците слушнале за овој тип на заштита на природата. 82% од сите испитаници сметаат дека овој процес поволно ќе влијае за развојот на регионот.

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.