Правна основа

Правна основа на земјата

За целите на транспонирање на законодавството на ЕУ за заштита на природата, најважните извори се Законот за заштита на природата, законите за прогласување на заштитени подрачја и подзаконски акти за заштитата на природата.

Законот за заштита на природата е донесен во 2004 година како генерален закон кој ја регулира заштитата на природата преку заштита на биолошката и пределската разновидност и заштита на природното наследство во заштитени подрачја и надвор од заштитените подрачја, како и заштита на природните реткости. Од тогаш неколку измени биле направени, исто така и за усогласување со законодавството на ЕУ природата.

Врз основа на овој закон за заштита на природата, следните посебни закони за прогласување на заштитени подрачја се усвоени:

 

  1. Закон за прогласување на локалитетот Плоче-Литотелми за строг природен резерват ( “Службен весник на Република Македонија” бр.145/10),
  2. Закон за прогласување на дел од планината Пелистер за национален парк (“Службен весник на Република Македонија” бр.150/07),
  3. Закон за прогласување на дел од планината Галичица за национален парк (“Службен весник на Република Македонија” бр. 171/10),
  4. Закон за прогласување на локалитетот Маркови Кули за споменик на природата (“Службен весник на Република Македонија” бр. 49/06),
  5. Закон за прогласување на локалитетот Смоларски Водопад за споменик на природата ( “Службен весник на Република Македонија” бр. 35/06),
  6. Закон за прогласување на локалитетот Куклица за споменик на природата (“Службен весник на Република Македонија” бр. 103/08),
  7. Закон за прогласување на локалитетот Локви-Големо Коњаре за споменик на природата ( “Службен весник на Република Македонија” бр. 124/10),
  8. Закон за прогласување на пештерата Слатински Извор за споменик на природата ( “Службен весник на Република Македонија” бр. 23/11),
  9. Закон за прогласување на Преспанското Езеро за споменик на природата (“Службен весник на Република Македонија” бр. 51/11),
  10. Закон за прогласување на Дојранското Езеро за споменик на природата ( “Службен весник на Република Македонија” бр. 51/11),
  11. Закон за прогласување на Вевчански Извори за споменик на природата ( “Службен весник на Република Македонија” бр. 39/12) и
  12. Закон за прогласување на локалитетот Езерани на Преспанското Езеро за Парк на природата ( “Службен весник на Република Македонија” бр. 24/12).

Листа на донесени подзаконски акти од областа на заштита на природата

  1. Правилник за издавање дозвола за собирање на засеганти и заштитени диви видови растенија, габи и животни и нивните делови (“Службен весник на РМ“ бр.102/2009)
  2. Правилник за издавање дозвола за спроведување на научно истражување во природата (“Службен весник на РМ“ бр. 101/2009)
  3. Правилник за формата и содржината на образецот за барањето, дозволата и сертификатот за промет со засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови, како и потребната документација која се приложува кон барањето (“Службен весник на РМ бр. 134/2010)
  4. Листата на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови (“Службен весник на РМ“ бр. 15/2012)
  5. Уредба за начинот и постапката за издавање на дозволата односно сертификатот, како и за видот на дозволата односно сертификатот и определување на граничните премини преку кои може да се врши прометот со засегнати и заштитени диви видови растенија, животни и нивни делови (“Службен весник на РМ“ бр. 135/2010)
  6. Уредба за начинот на постапување при промет со засегнати и заштитени диви видови растенија, габи животни и нивни делови од страна на царинските органи, другите надлежни органи и служби на граничните премини, и научните и стручните установи, како и на овластени депозитари на конфискуваните примероци при недозволен промет (“Службен весник на РМ“ бр. 177/2011)
  7. Листи за утврдување на строго заштитени и заштитени диви видови (Службен весник на РМ“ бр. 139/2011)
  8. Правилник за мерките и активностите за заштита на спомениците на природата, формата и содржината на образецот на дозволата за спроведување на посебните мерки и активности за заштита и обнова на споменикот на природата (“Службен весник на РМ“ бр. 126/2010)
  9. Правилник за мерките и активностите за заштита на паркот на природата (“Службен весник на РМ“ бр. 126/2010)
  10. Правилник за содржината на Студијата за валоризација или ревалоризација на заштитено подрачје (“Службен весник на РМ“ бр. 26/2012)
  11. Правилник за содржината на плановите за управување со заштитените подрачја и годишните програми за заштита на природата (“Службен весник на РМ“ бр. 26/2012)
  12. Правилник за содржината на програмата за полагање на стручен испит за чувар во заштитено подрачје и начинот и постапката за полагање на стручниот испит (“Службен весник на РМ“ бр. 126/2010)
  13. Правилник за изгледот и видот на службената униформа, нејзината трајност и начинот на користење – носење на опремата што треба да ја носат чуварите и содржината и формата на службената легитимација, како и начинот на издавањето и одземањето на легитимацијата (“Службен весник на РМ“ бр. 103/2012)
  14. Правилник за евиденција за заштита на природата (“Службен весник на РМ“ бр.102/2012)

Исто така, нашата земја е потписник на следниве меѓународни конвенции и договори од областа на заштитата на биолошката разновидност:

  1. Конвенција за заштита на водните живеалишта со меѓународно значење за заштита на водните птици (Рамсар, 1971). Конвенцијата е ратификувана со Уредба за ратификација (Службен лист на СФРЈ бр. 9/77). Нашата држава стана членка на Рамсарската конвенција со номинирање на рамсарско место Преспанско Езеро во Светската Рамсарска Листа во 1995 година.
  2. Конвенција за заштита на светското културно и природно наследство УНЕСКO (Париз, 1972) – Ратификувана со закон (Службен весник на СФРЈ бр. 56/74). Нашата држава пристапи кон оваа конвенција на 09.1991 година со сукцесија од СФРЈ.
  3. Конвенција за меѓународна трговија за загрозени диви животински и растителни видови ЦИТЕС (Вашингтон, 1972) – Ратификувана со Закон за ратификација (Службен весник на РМ бр.82/99), нашата држава е договорна страна од октомври 2000 година.
  4. Конвенција за заштита на миграторни видови диви животни (Бон, 1979) – Ратификувана со Закон за ратификација (Службен весник на РМ бр.38/99), стапи на сила за начата држава во ноември 1999 година.
  5. Конвенција за заштита на дивиот растителен и животински свет и природните живеалишта во Европа (Берн, 1979) – Ратификувана со Закон за ратификација, (Службен весник на РМ бр.49/97), стапи на сила во април 1999 година.
  6. Конвенција за биолошка разновидност (Рио, 1992) – Ратификувана со Закон за ратификација (Службен весник на РМ бр. 54/97), стапи на сила во 1998 година
  7. Договор за заштита на лилјаците во Европа (Лондон, 1991) – Ратификуван со Закон за ратификација (Службен весник на РМ бр.38/99), стапи на сила за нашата држава во септември 1999 година.
  8. Договор за заштита на Африканско – Евроазиските миграторни видови водни птици (Хаг, 1995) – Ратификуван со Закон за ратификација – (Службен весник на РМ бр.32/99), стапи на сила за начата држава во ноември 1999 година.
  9. Европската Конвенција за пределот (Фиренца, 2000) – Ратификувана со Закон за ратификација (Службен весник на РМ бр. 44/2003)

Покрај директивите за птици и живеалишта, директивата за зоолошки градини и CITES регулативата, други извори на правото на ЕУ од областа на животната средина треба да бидат земени во предвид, а тие се поврзани со овие директиви:

  1. Директива 2001/42/EC за оценување на ефектите од некои планови и програми врз животната средина
  2. Директива 2011/92/ ЕC на Европскиот парламент и на Советот од 13 декември 2011 година за оценување на ефектите од одредени јавни и приватни проекти врз животната средина
  3. Директива 2003/4/ЕC на Европскиот парламент и на Советот од 28 јануари 2003 година за пристап на јавноста до информации за животната средина
  4. Директива 2003/35/ЕC на Европскиот парламент и на Советот од 26 мај 2003 година за обезбедување на учество на јавноста во однос на изготвување на одредени планови и програми од областа на животната средина
  5. Директива 2004/35/ЕC на Европскиот парламент и на Советот од 21 април 2004 година за одговорност за животната средина во однос на спречување и отстранување на штетата врз животната средина
  6. Директива 2008/99/EC за заштита на животната средина преку кривичното право

 

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.