Седми состанок на Управен одбор на твининг проектот

Твининг проектот Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата го одржа седмиот последен состанок на Управниот одбор на твининг проектот. Состанокот се одржа на 1 август 2019 година во Природонаучниот музеј на Македонија. На состанокот од членовите на Управниот одбор беа усвоени резултатите на проектот. Воедно беше прифатена структурата за финалниот извештај на Твининг проектот: Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата” и беа потенцирани новите резултати кои се продуцирани како додатна вредност на проектот.

eu-flag-footermk-flag-footerОваа веб страна е изготвена со помош на Европската Унија. Содржините на веб страната се единствена одговорност на SYKE, МЖСПП и партнерите и на никаков начин не може да се сметаат дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.