Првата од 12-те обуки започна со воведниот модул и обуките направени како дел од студиското патување. Беше спроведено и регрутирање на обучувачи кои дополнително ќе го пренесат знаењето. На четврти мај продолжуваме со обуките, почнувајќи со онаа за вклучување на засегнатите страни, каде експертот ќе дојде од Хрватска.
Дополнително, го одбележавме Светскиот ден на мочуриштата (01.02), кој се прославува со цел да се подигне глобалната свест за виталната улога на мочуриштата за луѓето и за планетата. Годинава тема беше обнова на мочуриштата, а Ѓоко Зороски и Ангел Секулоски ги презентираа своите активности за заштита и реставрација на Белчишкото мочуриште.