Во октомври продолжи обуката на обучувачите

Меѓу 04.-06.10 се одржа и вториот модул на обуката на обучувачи на тема Соодветна проценка во врска со Натура 2000. Делови од Директивата за живеалишта беа анализирани како и искуствата од други земји на Европската Унија. Matjaž Harmel, Daniel Bogner и Sissi Samec беа презентери и модератори на работилницата.

Како дел од вториот модул на обуката на обучувачи беше вклучена и теренска работа во Националниот парк Маврово. Претставници на проектот, на Министерството и на паркот, заедно со учесниците на обуката дискутираа во природа во врска со имплементацијата на Натура 2000.

 

 

Теренска работа во Националниот парк Маврово