Граѓанското општество, особено на организации кои се занимаваат со прашања за животната средина е од клучно значење кога станува збор за спроведување на Натура 2000. Тие се врската со граѓаните кои живеат во таквите области и партнери на Владата во процесот на воспоставување на Натура 2000 подрачја и за осигурување дека мерките се спроведуваат на соодветен начин.
Ако сте здружение на граѓани и сè уште не сте вклучени во спроведувањето на Натура 2000, но би сакале да знаете повеќе и да имате препораки, можете да нè контактирате во Министерството за животна средина и просторно планирање, во Сектор природа.
Слободно контактирајте и со проектниот тим на Твининг проектот Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата, за повеќе информации на info@natura2000.gov.mk, или на адреса кеј Димитар Влахов 4, кат 1, соба 10, 1000 Скопје.