Ден на Натура 2000

Денот 21 мај е ЕВРОПСКИ ДЕН на МРЕЖАТА на НАТУРА 2000. На 21.5.2018 година, Министерството за животна средина и просторно планирање, ЕУ Твининг проектот “Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на европското законодавство во областа на заштита на природа”, Програмата за зачувување на природатa -Фаза 2 и Националниот парк Пелистер заеднички го одбележаа овој ден со организирање на настан на тема: Запознај се со европските видови на флора и фауна и живеалишта во Националниот парк Пелистер.

Целта беше промоција на видови на растенија, животни, птици и живеалишта од национално и ЕУ значење.
Со учество на над 50 лица, особено со 15 деца од основното училиште Коле Канински од Битола, во Инфо-центарот на паркот на Пелистер се одржа презентација на биодиверзитетот од значење, целта на Натура 2000, како и практично учење за користење на опропрема за истражување на видови инсекти.