Информативен состанок со граѓанските организации

Информативен состанок со граѓанските организации

Во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“ се одржа информативен состанок со граѓанските организации во Еurope House во Скопје кои се активни на полето на животната средина.
Целта на настанот беше да се информира за проектот и неговите активности, да се поканат засегнатите страни да учествуваат и да придонесат во процесот како и да се стимулира комуникацијата меѓу засегнатите страни.