Консултативна работилница за мониторинг

Во понеделникот 10.06.2019, се одржа новата Консултативна работилница за мониторинг, со цел да се презентираат три документи:
– предлог Национална методологија за мониторинг и протоколи за 20 живеалишта, 20 видови и 20 птици,
– Физибилити студија за користење на „граѓанска наука“ во мониторингот и
– Петогодишна национална програма за мониторинг на видови и живеалишта.
Организатор и презентер на настанот беше твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата“, раководен од МЖСПП и Финскиот институт за животна средина.