Продолжуваме со заштита на природата, идентификуваме нови НАТУРА 2000 подрачја и спречуваме трговија со загрозени видови на флора и фауна
Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, заедно со амбасадорот Дејвид Гир, директорот на Националниот парк Шар Планина, Ибрахим Дехари и лидерот на проектниот тим Даниел Богнер, учествуваа на настанот по повод официјалниот почеток на проектот финансиран од Европската Унија „Подобрување на капацитетите за Натура 2000 и CITES“.
-До сега имаме идентификувано 12 потенцијални Натура 2000 подрачја, а новиот IPA проект овозможува да продолжиме со идентификацијата и утврдување и на други, со што во делот на заштита на природата ги остваруваме нациолните интереси, но и се подготвуваме за влез во ЕУ – рече Нуредини.