Вработени од Националниот парк Пелистер, претставници кои се занимаваат со туристички активности во природа, претставници од останати проекти кои работат на заштита на биодиверзитетот како и претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање присуствуваа на работилницата на проектот „Зајакнување на капацитетите за имплементација на НАТУРА 2000“ во просториите на НП Пелистер. На работилницата се обрати и директорот на Националниот Парк, а истата предизвика долга дискусија во врска со начинот на имплементирање на Натура 2000, сега во иднина, за предностите и потенцијалните потребни промени кои ќе ги донесе.