Одржан е првиот регионален состанок на Платформата на ЕУ во динарскиот регион за соживот помеѓу луѓето и големите месојадни ѕверови, со што започна соработка за зачувување на популацијата на мечката, волкот и рисот во нашиот регион.
На 6.10.2018 во Будва, Црна Гора се одржа првиот регионален состанок на платформата на ЕУ на оваа тема за соживотот помеѓу луѓето и големи ѕверови во динарскиот регионот, во организација на Светската организација за заштита на природата – WWF Adria, IUCN LCIE, паркови Динарите, Центарот за заштита на птици и истражување на Црна Гора и EuroNatur.
Педесет учесници од петнаесет земји заклучија дека од суштинско значење претставува прекуграничната соработка, размената на знаења и искуства, како и управувањето на популацијата на територијата на регионот на динаридите, без оглед на моменталните различни практики.
“Динарскиот регион е еден од најбогатите европски региони во поглед на биолошката разновидност, вклучувајќи ги трите видови големи месојади ѕверови – кафена мечка, волк и рис. Бидејќи во моментот не постои заеднички дијалог и систематска прекугранична соработка во заштитата и управувањето со големата популација на овие ѕверови, овој состанок претставува важен чекор во воспоставувањето регионална платформа. Динарската платформа ќе биде единствен пример за заедничко управување со толку голема популација, во 10 земји, што е одличен пример за остатокот од Европа “, рече Луис Суарез од WWF Шпанија.
Областа Dinara-Pindos-Balkan е населен со стабилна популација на волк и мечка, а од популацијата на евроазиски рис критично е загрозен видот балкански рис. Регионот вклучува десет земји, членки на ЕУ и земји кои не се членки на ЕУ и тоа: Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово *, Македонија, Бугарија и Грција. Во моментов зачувувањето на популациите на волкот, мечката и рисот се спроведува во национални рамки, но животните не ја познаваат државната граница.
Исто така, правната рамка на некои од земјите се уште не е во согласност со ЕУ и меѓународните стандарди, планови за управување не постојат или не се применуваат, со што на поедини може да го попречи процесот на интеграција во Европската унија. Европската комисија ја охрабри воспоставување на платформа на ЕУ со цел да се олесни спроведувањето на законодавството на ЕУ за заштита на природата (Директивата за хабитати) и да се овозможи дијалог помеѓу сите засегнати страни – научници, здруженија за заштита на природата, ловци, сточари, земјоделци и приватни сопственици на земјиште.
“За подобрување на соживотот на луѓето и крупните ѕверови, особено во руралните области на регионот, голема е потребата за систематска прекугранична соработка, унифицирани методи на следење, како и заедничка база на податоци за подобро управување со популацијата. Само со соработка на сите чинители на меѓународно ниво, ќе се постигне успешна заштита на овие харизматични видови на волк, мечка и рисот со цел да се најдат најдобрите решенија за соживотот на луѓето и големите месојади во нашиот регион “, заклучи Андреа Штефан од WWF Адрија.
Линкови:
http://ec.europa.eu/environment/nature/conservation/species/carnivores/coexistence_platform.htm
http://adria.panda.org/
# wwfadria