Твининг проектот мотивира практиканти

Во 2018 година, во септевмриското, тридневно, теренско истражување во атарот на Брајчино и на падините на Пелистер, волонтерката Елена Џима му помогна на твининг проектот „Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата“ во анализите на конзервацискиот статус на неколкуте видови пеперутки. Тоа е активност во рамките на компонентата за изработката на нацрт националната методологија за мониторинг и протоколот за најмалку 20 видови, 20 птици и 20 живеалишта.

Елена научи за начинот на ловење пеперутки со помош на мрежа, следење на пеперутките во живо и за начинот на детерминација на видовите. Нејзината посветеност и брзо учење и овозможи сама да ги детерминира видовите, коишто потоа беа потврдени од нашите експерти.