Во сите земји кандидати се бара постепено воведување на Натура 2000 и тоа е сложен процес кој бара многу време. Иако подрачјата не стануваат официјални делови на Натура 2000 мрежата, додека не се постане стане земја членка, законодавството треба да се прилагоди и ова всушност ќе значи поголема заштита на загрозените видови и живеалишта. Исто така, процесот на селекција на потенцијални подрачја за Натура 2000 мрежата, кои ќе станат официјални откако земјата ќе стане членка треба да започне пред пристапувањето. Првите 7 предложени пилот подрачја од Натура 2000 ќе бидат идентифкувани во рамки на проектот: “Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000”, до крајот на 2016 година.

Функционирањето на Натура 2000 се базира на две директиви на ЕУ: Директивата на ЕУ за птици и Директивата на ЕУ за живеалишта.

  • Директива за птици – ги дефинира критериумите и воспоставува алатки за спречување на исчезнувањето на видовите птици,
  • Директива за живеалишта – поставува правила за заштита на другите видови, како и растенија, животни и природни живеалишта и процедури со цел да се заштитат особено значајни природни подрачја.

Според горенаведените акти, секоја земја-членка на ЕУ има обврска да осигура дека за природните живеалишта и видовите наведени во прилозите на Директивата за живеалишта и Директивата за птици, се обезбеди поволни услови за заштита или зачувување на нивната добра состојба, преку назначување и заштита на подрачја, каде што овие живеалишта и видови се присутни. Видовите и живеалиштата кои се присутни во нашата земја ќе бидат истражени и ќе се користат како основа да се предложат Натура 2000 подрачјата, додека во исто време законодавството ќе бидат усогласено со ЕУ. Новата легислатива треба да се донесе пред да стане земја-членка, а подготвителната работа на назначување на подрачја е долгорочен процес и неговото иницирање е еден клучен услов за влез во ЕУ.

Создавање на нови подрачја е можно во рамките на Европската Унија, тоа е континуиран процес.

Нашата земја е богата со биолошката разновидност и Натура 2000 може да го подобри нејзиниот имиџ. Тоа особено ќе влијае на унапредувањето и развојот на регионот во целина, како и специфични подрачја на Натура 2000. Покрај тоа, некои од овие подрачја се земјоделски, и многу луѓе се подготвени да купат производи од земјоделско потекло произведени во еколошки вредни подрачја. Потеклото на овие производи е поврзано со местото на нивното производство, со што се создава можност за производите за да се добие додатна вредност и подрачјето да биде промовирано, што резултира со финансиски придобивки. На крајот има потенцијал да создадат производи што носат бренд на Натура 2000, промовирајќи ги сите производи  произведени во сите подрачја во земјата.

Главната цел на овие програми е да се подобри квалитетот на животната средина во руралните области, вклучувајќи ги особено одржување и реставрација на вредни живеалишта преку промовирање на одржливи фарми, соодветна употреба на на почвата и водата и зачувување и заштита на загрозените видови. Всушност, поради таквите програми, сè повеќе и повеќе луѓе во ЕУ се заинтересирани нивното подрачје да стане дел од оваа еколошка мрежа.

Зголемувањето на побарувачката за рурален туризам обезбедува можности за оние кои се заинтересирани за водење на овој тип на бизнис да добијат голем број на потенцијални клиенти и тоа се должи на Натура 2000. Постојат исклучителни можности во природно вредните подрачја, особено оние на Натура 2000. Нивниот развој не се меша со заштита на природните вредности и затоа треба да се охрабри и популаризира. Добро организирани и рекламирани активности на рурален туризам може да стане активност која трае во текот на целата година, носејќи материјални финансиски придобивки.

Генерално, во Директивата за птици и Директивата за живеалишта постојат правила за строга заштита на видовите. Тие, исто така се тесно поврзани со ловот и ќе треба да се погледа во националното законодавство. За Натура 2000 подрачјата може да има одредени ограничувања за лов во поединечни заштитени подрачја, во зависност од специфични целни функции и целите за зачувување.

Информации кои се достапни на оваа Web страна се посветени да се обезбеди целосна разбирање на прашањата во врска со Натура 2000 во нашата земја, исто така можете да најдете општи информации на Web страната Европската комисија – http://ec.europa.eu/environment/nature/natura2000/. Ако информациите не се доволни, ве молиме да нè контактирате.

Иако локации во моментот само се предлагаат и ќе станат официјални само кога земјата ќе стане членка на ЕУ, може да се добијат информации во врска со предложените локации и да ги погледате на карта на дел од веб-страницата, што е  посветена на Натура 2000 во земјата.