Правна основа на земјата
За целите на транспонирање на законодавството на ЕУ за заштита на природата, најважните извори се Законот за заштита на природата, законите за прогласување на заштитени подрачја и подзаконски акти за заштитата на природата.
Законот за заштита на природата е донесен во 2004 година како генерален закон кој ја регулира заштитата на природата преку заштита на биолошката и пределската разновидност и заштита на природното наследство во заштитени подрачја и надвор од заштитените подрачја, како и заштита на природните реткости. Од тогаш неколку измени биле направени, исто така и за усогласување со законодавството на ЕУ природата.
Врз основа на овој закон за заштита на природата, следните посебни закони за прогласување на заштитени подрачја се усвоени:
- Закон за прогласување на локалитетот Плоче-Литотелми за строг природен резерват ( “Службен весник на Република Македонија” бр.145/10),
- Закон за прогласување на дел од планината Пелистер за национален парк (“Службен весник на Република Македонија” бр.150/07),
- Закон за прогласување на дел од планината Галичица за национален парк (“Службен весник на Република Македонија” бр. 171/10),
- Закон за прогласување на локалитетот Маркови Кули за споменик на природата (“Службен весник на Република Македонија” бр. 49/06),
- Закон за прогласување на локалитетот Смоларски Водопад за споменик на природата ( “Службен весник на Република Македонија” бр. 35/06),
- Закон за прогласување на локалитетот Куклица за споменик на природата (“Службен весник на Република Македонија” бр. 103/08),
- Закон за прогласување на локалитетот Локви-Големо Коњаре за споменик на природата ( “Службен весник на Република Македонија” бр. 124/10),
- Закон за прогласување на пештерата Слатински Извор за споменик на природата ( “Службен весник на Република Македонија” бр. 23/11),
- Закон за прогласување на Преспанското Езеро за споменик на природата (“Службен весник на Република Македонија” бр. 51/11),
- Закон за прогласување на Дојранското Езеро за споменик на природата ( “Службен весник на Република Македонија” бр. 51/11),
- Закон за прогласување на Вевчански Извори за споменик на природата ( “Службен весник на Република Македонија” бр. 39/12) и
- Закон за прогласување на локалитетот Езерани на Преспанското Езеро за Парк на природата ( “Службен весник на Република Македонија” бр. 24/12).
Листа на донесени подзаконски акти од областа на заштита на природата
- Правилник за издавање дозвола за собирање на засеганти и заштитени диви видови растенија, габи и животни и нивните делови (“Службен весник на РМ“ бр.102/2009)
- Правилник за издавање дозвола за спроведување на научно истражување во природата (“Службен весник на РМ“ бр. 101/2009)
- Правилник за формата и содржината на образецот за барањето, дозволата и сертификатот за промет со засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови, како и потребната документација која се приложува кон барањето (“Службен весник на РМ бр. 134/2010)
- Листата на засегнати и заштитени диви видови растенија, габи, животни и нивни делови (“Службен весник на РМ“ бр. 15/2012)
- Уредба за начинот и постапката за издавање на дозволата односно сертификатот, како и за видот на дозволата односно сертификатот и определување на граничните премини преку кои може да се врши прометот со засегнати и заштитени диви видови растенија, животни и нивни делови (“Службен весник на РМ“ бр. 135/2010)
- Уредба за начинот на постапување при промет со засегнати и заштитени диви видови растенија, габи животни и нивни делови од страна на царинските органи, другите надлежни органи и служби на граничните премини, и научните и стручните установи, како и на овластени депозитари на конфискуваните примероци при недозволен промет (“Службен весник на РМ“ бр. 177/2011)
- Листи за утврдување на строго заштитени и заштитени диви видови (Службен весник на РМ“ бр. 139/2011)
- Правилник за мерките и активностите за заштита на спомениците на природата, формата и содржината на образецот на дозволата за спроведување на посебните мерки и активности за заштита и обнова на споменикот на природата (“Службен весник на РМ“ бр. 126/2010)
- Правилник за мерките и активностите за заштита на паркот на природата (“Службен весник на РМ“ бр. 126/2010)
- Правилник за содржината на Студијата за валоризација или ревалоризација на заштитено подрачје (“Службен весник на РМ“ бр. 26/2012)
- Правилник за содржината на плановите за управување со заштитените подрачја и годишните програми за заштита на природата (“Службен весник на РМ“ бр. 26/2012)
- Правилник за содржината на програмата за полагање на стручен испит за чувар во заштитено подрачје и начинот и постапката за полагање на стручниот испит (“Службен весник на РМ“ бр. 126/2010)
- Правилник за изгледот и видот на службената униформа, нејзината трајност и начинот на користење – носење на опремата што треба да ја носат чуварите и содржината и формата на службената легитимација, како и начинот на издавањето и одземањето на легитимацијата (“Службен весник на РМ“ бр. 103/2012)
- Правилник за евиденција за заштита на природата (“Службен весник на РМ“ бр.102/2012)
Исто така, нашата земја е потписник на следниве меѓународни конвенции и договори од областа на заштитата на биолошката разновидност:
- Конвенција за заштита на водните живеалишта со меѓународно значење за заштита на водните птици (Рамсар, 1971). Конвенцијата е ратификувана со Уредба за ратификација (Службен лист на СФРЈ бр. 9/77). Нашата држава стана членка на Рамсарската конвенција со номинирање на рамсарско место Преспанско Езеро во Светската Рамсарска Листа во 1995 година.
- Конвенција за заштита на светското културно и природно наследство УНЕСКO (Париз, 1972) – Ратификувана со закон (Службен весник на СФРЈ бр. 56/74). Нашата држава пристапи кон оваа конвенција на 09.1991 година со сукцесија од СФРЈ.
- Конвенција за меѓународна трговија за загрозени диви животински и растителни видови ЦИТЕС (Вашингтон, 1972) – Ратификувана со Закон за ратификација (Службен весник на РМ бр.82/99), нашата држава е договорна страна од октомври 2000 година.
- Конвенција за заштита на миграторни видови диви животни (Бон, 1979) – Ратификувана со Закон за ратификација (Службен весник на РМ бр.38/99), стапи на сила за начата држава во ноември 1999 година.
- Конвенција за заштита на дивиот растителен и животински свет и природните живеалишта во Европа (Берн, 1979) – Ратификувана со Закон за ратификација, (Службен весник на РМ бр.49/97), стапи на сила во април 1999 година.
- Конвенција за биолошка разновидност (Рио, 1992) – Ратификувана со Закон за ратификација (Службен весник на РМ бр. 54/97), стапи на сила во 1998 година
- Договор за заштита на лилјаците во Европа (Лондон, 1991) – Ратификуван со Закон за ратификација (Службен весник на РМ бр.38/99), стапи на сила за нашата држава во септември 1999 година.
- Договор за заштита на Африканско – Евроазиските миграторни видови водни птици (Хаг, 1995) – Ратификуван со Закон за ратификација – (Службен весник на РМ бр.32/99), стапи на сила за начата држава во ноември 1999 година.
- Европската Конвенција за пределот (Фиренца, 2000) – Ратификувана со Закон за ратификација (Службен весник на РМ бр. 44/2003)
Покрај директивите за птици и живеалишта, директивата за зоолошки градини и CITES регулативата, други извори на правото на ЕУ од областа на животната средина треба да бидат земени во предвид, а тие се поврзани со овие директиви:
- Директива 2001/42/EC за оценување на ефектите од некои планови и програми врз животната средина
- Директива 2011/92/ ЕC на Европскиот парламент и на Советот од 13 декември 2011 година за оценување на ефектите од одредени јавни и приватни проекти врз животната средина
- Директива 2003/4/ЕC на Европскиот парламент и на Советот од 28 јануари 2003 година за пристап на јавноста до информации за животната средина
- Директива 2003/35/ЕC на Европскиот парламент и на Советот од 26 мај 2003 година за обезбедување на учество на јавноста во однос на изготвување на одредени планови и програми од областа на животната средина
- Директива 2004/35/ЕC на Европскиот парламент и на Советот од 21 април 2004 година за одговорност за животната средина во однос на спречување и отстранување на штетата врз животната средина
- Директива 2008/99/EC за заштита на животната средина преку кривичното право