Природно наследство во земјата

Иако мала по територија, ние сме една од најбогатите земји во Европа во однос на биолошката разновидност, што резултира со богатство од диви растенија, габи и животни. Во различните екосистеми и типови живеалишта во државата регистрирани се околу 1700 видови алги, 3.200 васкуларни растенија, над 2.000 габи и 450 лишаи, 13.000 без`рбетници, 85 риби, 15 водоземци, 32 влечуги, 333 птици и 84 видови цицачи. Меѓу нив голем е бројот на ендемични видови: најмалку 150 ендемични алги, 120 ендемични васкуларни растенија, над 700 без`рбетници и 27 ендемични видови риби. Одредени видови се присутни само тука и никаде на друго место во светот. Други видови се загрозени во останатиот дел од Европа, но, тука, сепак сè уште се присутни.

Започнување на процесот на имплементацијата на Натура 2000 ќе помогне за зачувување на видови и живеалишта во нашата земја, кои се дел од Натура 2000 и се заштитени во земјите-членки на ЕУ.

Првите чекори за заштита на нашето прирородно наследество од гледна точка на Натура 2000 се утврдени во рамки на проектот: “Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000”, финансиран од ЕУ, во периодот 2015-2017, во којшто меѓу другите работи, се изготвија нацрт-национални референтни листи на живеалишта и видови. Исто така, идентификувани и предложени беа 7 (седум) Натура 2000 пилот подрачја. За подрачјата се изготвени податоци во дигитална форма (ГИС). Штом станеме членка на Европска Унија, овие подрачја ќе станат дел од Натура 2000 мрежата. Со текот на времето, Натура 2000 мрежата ќе се зголеми, како ќе се идентификуваат новите подрачја.

Вториот чекор во пристапот кон мрежата Натура 2000, со цел заштита на нашето природно наследство се направи со започнувањето на твининг проектот: „Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата”, финансиран од Европската Унија, под број MK 13 IPA EN 02 17. Корисник е Министерството за животна средина и просторно планирање, Сектор природа, додека партнери од земјите членки на ЕУ се: Фински институт за животна средина (Suomen ympäristökeskus, SYKE); Паркови и див свет на Финска (Metsähallitus) и Државната служба за заштитени подрачја (SSPA) од Литванија. Периодот за имплементација е 21 месец, односно 18.11.2017 – 17.8.2019. 

Целта на Проектот е да се зајакнат административните капацитети на МЖСПП/ Управата за животна средина и Секторот за природа за спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата, преку унапредување и спроведување на регулативата, спроведување на обуки и законодавството кое се однесува на заштитата на природата

Клучни резултати:

  • Понатамошно унапредување на законодавството за зачувување на природата, за да се задоволат барањата на Директивите за живеалишта и птици
  • Подобрување на капацитетите за управување на административно и локално (теренско) ниво за спроведување на активностите за заштита на природата
  • Изготвени методи и протоколи за инвентаризација и мониторинг, кои ги задоволуваат барањата на Директивите за живеалишта и птици

Компоненти:

– КОМПОНЕНТА 1: Зајакнати капацитети за подготовка на нацрт планови за управување со природните заштитени подрачја кои се од национален интерес и ЕУ интерес за зачувување (потенцијални идни НАТУРА 2000 подрачја):

  • Клучен резултат: Два нацрт плана за управување на потенцијални подрачја на Натура 2000.

– КОМПОНЕНТА 2: Зајакнати капацитети за подготовка на студии за валоризација на природните вредности (вклучувајќи собирање на податоци на терен и ажурирање на Образецот за стандардизирани податоци) за природните заштитени подрачја кои се од национален интерес и интерес на ЕУ за зачувување (потенцијални идни подрачја на НАТУРА 2000).

  • Клучен резултат: две предлог-студии за валоризација на природните вредности за потенцијалните подрачја на Натура 2000; Спроведена инвентаризација во две пилот подрачја.

– КОМПОНЕНТА 3: Зајакнати капацитети за изготвување на Методологија за мониторинг на биодиверзитетот на национално ниво и подготовка на Национална програма за мониторинг на биодиверзитетот.

  • Клучни резултати: изготвени протоколи и практики за  мониторинг за 20 живеалишта, 20 видови и 20 птици; подготвна нацрт Национална програма за мониторинг на биодиверзитетот.

-КОМПОНЕНТА 4: Понатамошно транспонирање и зајакнување на административните капацитети за спроведување на законодавството за заштитата на природата.

  • Клучни резултати: Анализа на институционалните капацитети, со подготвени препораки; подготвени четири предлог подзаконски акти; подготвен план за вклученост на заинтересираните страни за Натура 2000 и обезбедена обука на 20 лица на различни теми поврзани со имплементацијата на NATURA 2000.

 

Контакт:

info@natura2000.gov.mk

www.facebook.com/Natura2000MK/

Instagram Natura2000MK

Постојан советник на проектот, Арто Ахокумпу: e-mail: arto.ahokumpu@metsa.fi

Постојан советник од земјата корисник, Сашко Јорданов: e-mail: S.Jordanov@moepp.gov.mk

Одговорни лица:

Лидер на проектот од земјата членка Др. Петри Алрот,

Јуниор проектен лидер од земјата членка г-a. Рута Башките,

Лидер на проектот од земјата корисник г. Влатко Трпески