Програмата Живот + е финансиски инструмент на ЕУ за животна средина и климатски акции. Општата цел на Програмата Живот + е да придонесе за имплементација, ажурирање и развој на политиката и законодавството на ЕУ за животната средина и клима со кофинансирање на проекти со Европска додадена вредност. Програмата започна во 1992 година и до денес во ЕУ има кофинансирано 3954 проекти. Нашата земја може да учествува во Програмата Живот + само како партнер на земја-членка на ЕУ,
Програмата Живот + содржи три тематски области:
Живот + Природа и Биодиверзитет,
Живот + Политика на животна средина и владеење и
Живот + Информации и комуникации
- LIFE + Природа и биодиверзитет – кофинансира најдобри практики или пилот проекти кои придонесуваат за имплементација на директивите за птици и живеалишта и на Натура 2000 мрежата,
- LIFE + Политика на животна средина и владеење – кофинансира иновативни или пилот проекти кои придонесуваат за имплементација на европската политика за животната средина и развојот на иновативни идеи на политика, технологии, методи и инструменти
- LIFE + Информации и комуникации е нова компонента која кофинансира проекти поврзани со комуникација и кампањи за подигање на свеста за животната средина, заштита на природата или прашања за заштита на биодиверзитетот, како и проекти за превенција од шумски пожари (подигнување на свеста, специјална обука).
За повеќе информации, ве молиме посетете ја: www.ec.europa.eu/environment/life
Контакт лице:
М-р Влатко Трпески
e-mail: v.trpeski@moepp.gov.mk