Потенцијални подрачја за Натура 2000 во земјата

Првите предложени Натура 2000 пилот подрачја се идентифкувани во рамките на проектот: “Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000”, во 2016 година. Методологијата за избор и предлагање на подрачјата беше согласно Методологија за оценување, сортирање и складирање на податоци за нивно користење за идна изградба на Натура 2000 подрачја.

Во врска со Директивата за живеалишта и Директивата за птици предложени се девет (9) подрачја како потенцијални подрачја за Натура 2000 и две (2) области со висок природен потенцијал. Овие 9 потенцијални Натура 2000 подрачја со подготвен формат на SDF не се законска обврска за пристап на државата кон ЕУ. За сите потенцијани Натура 2000 подрачја потребни се идни истражувања. Се покажа дека има потреба за подобар квалитет на податоците и идните истражувања во областа во шумските живеалишта за да може да се обележат локалитетите.

Детектирани се:

• 9 локации предложени како потенцијални Натура 2000.

• 4 локации со сценарио “потенцијал за поголема локација”.

• 2 подрачја со висок потенцијал за Натура 2000.

Три (3) од нив се предложени како потенцијални специјални заштитени области (SPA), во согласност со Директивата за птици.

Шест (6) подрачја се предложени како Места од важност за заедницата (SCI) според Директивата за живеалишта.

 

Предложени потенцијални подрачја се:

1. Дојранско Езеро (SPA) MK0000001

2. Охридско Езеро (SPA) MK0000002

3. Преспанско Езеро (SPA) MK0000003

4. Маврово (SPA) MK0000014 + MK0000024 + MK0000034

5. Шар Планина, со висок потенцијал

6. Планини Јакупица (SCI) MK0000006

7. Овче Поле (SCI) MK0000007

8. Пештерата Убавица (SCI) MK0000008

9. Галичица (SCI) MK0000009

10. Пелистер (SCI) MK0000010

11. Мариово и Кожуф со висок потенцијал