Акти, стратегии, планови за управување, упатства и водичи

Стратегија за  биолошка разновидност

Целите на Стратегијата на ЕУ за биолошка разновидност е да се спречи загубата на биолошката разновидност и екосистемските услуги во ЕУ и да се помогне да се запре глобалната загуба на биодиверзитетот до 2020 година. Тоа е резултат од обврските преземени од страна на ЕУ во 2010 година во рамките на меѓународната Конвенција за биолошка разновидност.

http://ec.europa.eu/environment/nature/biodiversity/strategy/index_en.htm

 

Photo: Potentilla rupesris – NP Galichica

Закон за Природа и биолошка разновидност

На ниво на ЕУ, природата и биодиверзитетот се заштитени со повеќе закони. ЕУ е посветена на заштита на природата од усвојувањето на Директивата за птици во април 1979. Потоа, во 1992 година Директивата за живеалишта беше усвоена. Како резултат на единствениот Европски пазар и отсуството на систематски гранични контроли во рамките на ЕУ, одредбите од Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна (CITES) од 1997 година, треба да бидат имплементирани подеднакво во сите земји-членки на ЕУ. Во 1999 година ЕУ ја зајакна улогата на зоолошките градини во зачувувањето на биолошката разновидност и од 2014 се посвети на заштита на природниот биодиверзитет и екосистемските услуги од инвазивни видови.

http://ec.europa.eu/environment/nature/legislation/index_en.htm

Директива за птици

Европа е дом на повеќе од 500 диви видови птици. Во моментов, најмалку 32% од видовите на птици во ЕУ, не се во добра состојба на зачуваност. Директивата за птици има за цел да ги заштити сите 500 диви видови птици, кои природно се среќаваат во Европската Унија. Често преселните диви видови на птици може да биде заштитени само со соработка преку границите. Урбаното ширење и транспортни мрежи ги фрагментираат и намалуваат нивните живеалишта, интензивно земјоделство, шумарство, риболов и употребата на пестициди го намалуваат снабдувањето со храна, и потребно е ловот да биде регулиран, со цел да не се оштетат пополациите. Земјите-членки загрижени за нивното намалување во април 1979 година, едногласно ја усвоиле Директивата 79/409/EEЗ. Тоа е најстариот дел од законодавството на ЕУ за животна средина и еден од неговите камен-темелници. Во 2009 година беше изменета Директивата 2009/147/ЕЗ.

http://ec.europa.eu/environment/nature/legislation/birdsdirective/index_en.htm

Директива за живеалишта

Директивата за живеалишта обезбедува зачувување на широк спектар на ретки, загрозени или ендемични животински и растителни видови. Околу 200 ретки и карактеристични типови на живеалишта, исто така се определени за зачувување на свој начин. Директивата 92/43/ЕЕЗ (донесена на 21 мај, 1992) за зачувување на природните живеалишта и на дивата фауна и флора има за цел промовирање на одржувањето на биолошката разновидност, земајќи ги во предвид економските, социјалните, културните и регионалните потреби. Оваа директива со Директивата за птици е камен темелник на Европската политика за заштита на природата и за воспоставување на широка еколошка мрежа Натура 2000 заштитените подрачја во ЕУ, заштитени од потенцијално штетни случувања.

http://ec.europa.eu/environment/nature/legislation/habitatsdirective/index_en.htm

Заштита на видови

Нашиот див свет се повеќе е во опасност. Една неодамнешна оценка во Европа за конзерваторскиот статус на околу 6000 европски видови извршена од страна на IUCN, покажа дека до 25% од европските животински видови сега се под закана од истребување. Директивите на ЕУ за живеалишта и птици бара од земјите-членки да обезбедат и физичка заштита на одделни примероци низ 28 земји на ЕУ, како и зачувување на подрачја за размножување и одмор на одредени особено ретки и загрозени видови во рамките на Натура 2000 мрежата. ЕУ, исто така, ги утврдува правилата за благосостојба на животните и работи со меѓународната заедница за борба против нелегалната трговија со диви животни од целиот свет.

http://ec.europa.eu/environment/nature/conservation/index_en.htm

Знаења и податоци

Ефективни политики за биолошката разновидност и екосистемските услуги се потпираат на континуирано истражување и иновации. Наша цел е да се подобри знаењето за биолошката разновидност за да се поддржи политика со ажурирање на научни податоци и информации. Нашата главна платформа за податоци и размена на информации на биодиверзитетот е Европскиот информативен систем за биодиверзитет (BISE).

http://ec.europa.eu/environment/nature/knowledge/index_en.htm