На ниво на ЕУ, природата и биодиверзитетот се заштитени со повеќе точки од законот. На почетокот оваа целосна посветеност на заштитата на природата датира од април 1979 година со усвојувањето на Директивата на ЕУ за птици, која нуди комплетна заштита на сите видови диви птици, кои природно се среќаваат во Унијата. Со цел да се помогне во одржувањето на биолошката разновидност, Директивата за живеалишта беше усвоена во 1992 година Таа заштитува повеќе од 1000 животнски и растителни видови и повеќе од 200 видови на живеалишта. Формирањето на широка ЕУ Натура 2000 мрежа на заштитени подрачја исто така започна. Покрај законодавството, со новата Стратегија за биолошка разновидност, која е усвоена во 2011 година, се поставуваат шест цели и 20 активности,  за да се спречи загубата на биолошката разновидност и екосистемските услуги во земјите од ЕУ до 2020 година.

Кога станува збор конкретно за Натура 2000, Европската легислатива дефинира два вида на области во рамките на Натура 2000 мрежата: Посебни заштитени области (SPA), кои се воспоставени во согласност со ЕУ Директивата за птици и Посебни подрачја на зачувување (SAC), во согласност со ЕУ Директивата за живеалишта.

Законодавните аспекти се особено важни кога станува збор за Натура 2000. Само со усогласување на законите, истите правила може да се применат во сите заштитени подрачја. Ова е причината зошто земјите кандидати треба да започнат на почетокот со прилагодување на нивната законска рамка и тоа е случај со нашата земја. Како дел од проектот “Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000” ќе се направи усогласување на националното законодавство со директивите на ЕУ од областа на заштита на природата, предлог измени на Законот за заштита на природата и други закони и подзаконски акти ќе бидат подготвени и тоа ќе ја постави основата за промените што треба да преземат пред да се стане дел од ЕУ.

Исто така е важно да се истакне дека иако Европската правна рамка има иста основа и заедничка цел, самата земја треба да обезбеди дека донесените закони се прилагодени на локалните услови.