Стопанскиот сектор често пати смета дека заштитените подрачја ја уништуваат можноста за економски развој. Тоа не е вистина кога станува збор за мрежата за Натура 2000. Сепак, треба да се земат предвид сите аспекти, пред да се започне со инвестицијата, или влијанијата на заштитеното подрачје од постоечкиот бизнис.
Иако Натура 2000 подрачјата нема да бидат официјални додека не станеме членка на Европската унија, добро е да се земат предвид предложените локации при планирање на бизнисот, особено ако тоа значи интервенција во постоечката природа.
Според искуствата од земјите-членки на ЕУ, пред поголеми развојни проекти, треба да се изврши оценување на одржливоста на потребите за еколошката мрежа. Ако оваа проценка е позитивна, иако тоа е во Натура 2000 подрачје, тогаш интервенцијата е дозволена. Ова се должи на причината што Натура 2000 ги поддржува принципите на одржлив развој и нема за цел да ги прекине активностите за развој, но поставува стандарди за зачувување на биодиверзитетот, така што стопанството и биодиверзитетот можад да опстојуваат заедно. Меѓутоа, ако оцената на влијанието покажува значително негативно влијание на инвестицијата, во принцип таа не може да се спроведе, освен во следната ситуација:
- социјалните и економските услови ја оправдуваат инвестицијата,
- непостојат алтернативни решенија,
- се плаќа надомест за животната средина.
Ова значи дека активноста во мрежата за Натура 2000 нема да биде можна, освен ако не постои алтернатива, а инвестицијата е апсолутно неопходно од аспект на социјалните потреби. Во овој случај природата е повредена, потребно е да се направи компензација така што да може да се врати рамнотежата во природата. Во случај ако алтернативите се технички тешко изводливи, или скапи, тоа не значи дека инвеститорите може да одат напред со инвестицијата. Натура 2000 не воспоставува забрана како во другите форми на заштита на природата, како што се националните паркови, но е базирана пред се’ врз ограничувањето на активностите коишто можат значително да ја влошат состојбата на природните живеалишта и на живеалиштата на растенијата и животните, како и негативното да влијае врз видовите за чија заштита е назначено Натура 2000 подрачје.
Инвеститорот треба да се справи со аспектите на Натура 2000 од концепт фазата на инвестицијата, при истражувањето на локацијата. Концептот треба да биде најмалку штетен за животната средина, а посебно за елементите на природно наследство кое што сакаме да го задржиме непроменето. За жал, во многу случаи ваквите судири се неизбежни. Ова особено се однесува на инфраструктурата, како патишта, железници, далноводи, итн. Изборот на одредена рута е определен од повеќе фактори, како што се пречки, моменталната состојба на развој, принципите на заштита на природата и пределот. Кога станува збор за мрежата за Натура 2000, спроведувањето на овие инвестиции е можно само под услов:
- постои повисок јавен интерес,
- не постои разумна алтернатива на избраната варијанта на инвестиции,
- инвеститорот обезбедува еколошки надоместок.
Пред да се аплицира за дозвола, инвеститорот мора да докаже дека ги зел во предвид сите можни варијанти на проектот и ги идентификувал сите места каде што може да дојде до оштетување на животната средина. Овие информации треба да бидат вклучени во извештај на влијанието врз животната средина, кој што се подготвува за инсталации и при инвестиции. Овој извештај ќе биде оценет од страна на надлежниот орган, Министерството за животна средина и просторно планирање, коешто ги избира инвестициите што ќе предизвикаат најмалку штета во животната средина. Оваа постапка треба да се врши со учество/вклучување на засегнатите граѓани. Сепак, нашата земја сеуште не е дел од ЕУ и тие постапки ќе станат апликативни во подоцнежна фаза.
Покрај тоа, може да се создаде бизнис од Натура 2000 поради фактот дека таквите области привлекувааат туристи и се лоцирани каде што е зачувана природата. Исто така, може да се создадат брендови од новосоздадените дејности, или наложените активности во тие подрачја.