Tеренски истражувања на Преспанското Езеро

Во рамките на ЕУ Twinning проектот: „Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законо давство во областа на заштитата на природата” (MK 13 IPA EN 02 17) во Компонента 3 за зајакнување на капацитетите за изготвување на методологија за мониторинг на биодиверзитетот и подготовка на Националната програма за мониторинг на биолошката разновидност, во периодот од 22-25 мај на територијата на Споменикот на природата – Преспанско Езеро, се спроведоа теренски истражувања со цел инвентаризација (пребројување) на безрбетниците, со користење на светлосни, мирисни и феромонски мамки и замки со кутии и фолии. Од собраните податоци се води евиденција за секој забележан вид на инсект, со што се збогатува базата на податоци за диверзитетот на инсектите, пред се’ на видовите од национално и европско значење. При теренските посети воедно се тестираше и методологијата за проценка на нивото на зачуваност (конзервација) на нивните живеалишта. Вработените лица во Секторот за животна средина иМониторинг станицата за Преспанско езеро при Општина Ресен, се стекнаа со практично искуство за вршење на мониторинг, соработувајќи на терен со претставниците од Секторот за природа при Министерството за животна средина и просторно планирање, 5 стручни лица волонтери од Финска и 2 стручни советници од Финскиот институт за животна средина.

Cloantha hyperici

Cloantha hyperici

Semiothisa clathrata

Semiothisa clathrata

Orthosia gothica

Orthosia gothica

Sphinx pinastri

Sphinx pinastri