Во рамките на ЕУ Twinning проектот: „Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата” (MK 13 IPA EN 02 17) во Компонента 3 за зајакнување на капацитетите за изготвување на методологија за мониторинг на биодиверзитетот и подготовка на Национална програма за мониторинг на биолошката разновидност, во периодот 14-16 мај 2018 година, во Националниoт парк Пелистер, се спроведе обука за методологијата за мониторинг на живеалишта, васкуларни растенија, мовови и безрбетни животни од европско значење, помеѓу кои фокусот е ставен на инсектите.
На обуката учествуваа претставници од МЖСПП, Сектор за природа, Јавната установа Национален парк Пелистер и Финскиот институт за животна средина. Реализирани се теренски истражувања со цел мониторинг на селектирани живеалишта, васкуларни растенија и мовови, како и инвентаризација (пребројување) на безрбетници, со користење на светлосни, мирисни и феромонски мамки и замки од кутии и фолии. Тестирана е методологијата за мониторинг на селектирани видови инсекти. Се води евиденција на секој забележан вид на инсект, со што се збогатува база на податоци за биодиверзитетот од национално и европско значење.