Твининг-работилница за вредностите, заканите и притисоците

На 6 февруари 2019 година во Ресен се одржа врз природата на Преспанското Езеро, со учество на 21 претставник на проектот, експертите, општината, ренџерската служба и меѓународните организации.

Презентацијата на експертите на твининг проектот беше концентрирана на принципите на Директивата за живеалишта и Директивата за птици, за управување со Натура 2000 подрачје. Преку презентација беа истакнати природните вредности на подрачјето на Преспанското езеро, поврзани со растителните и животинските видови и со типовите на живеалишта. Главниот фокус беше ставен на видовите од европско значење, но се дискутираше за видовите од национален интерес. Во овој регион се бележат 8 типа на живеалишта, од коишто од особено значење, типични за езерската околина, се 3150-Природни еутрофни езера со Magnopotamion или Hydrocharition вегетација, 6220 -Псевдостепи со треви и едногодишни растенија од класата Thero-Brachypodietea и 91E0-Алувијални шуми со евла и обичен јасен. Експертите истакнаа дека Преспанското езеро е многу важно место за презимување за птиците, поради добриот квалитет на водата. Зачуваните природни вредности обезбедуваат важни живеалишта за неколку видови влечуги и водоземци, а од особено значење за нив е да се одржат карпестите ливади блиску до брегот.

Од Твининг-работилницата беа дадени препораки за унапредување на содржината на планот за управување со споменикот на природата Преспанско езеро, вклучително и паркот на природата Езерани.