Обука за инвентаризација и мониторинг на безрбетници

Обука за инвентаризација и мониторинг на безрбетници во НП Пелистер и СП Преспанското Езеро, беше организирана за вработените од ЈУНП Пелистер и Сектор за животна средина Општина Ресен, припадниците на други заштитени подрачја, национални експерти, домашни и странски студенти и НВОи. Работилницата се одржа во периодот од 8 јули до 11 јули 2019. Целта беше да се презентираат резултатите од Твининг проектот за инвентаризацијата и подготовката на протоколи за мониторинг на безрбетници, да се презентира практичното пребројување (инвентар) на терен и да се дискутира за принципите за управување со видови на безрбетници во различни типови на живеалишта (крајбрежните живеалишта на Преспанското Езеро, село Крани, село Брајчино, во низинските ливади на НП Пелистер и околу Манастирот Св. Петка,).