Последна јавна консултативна работилница

Последната јавна консултативна работилница на твининг проектот за презентирање на клучните елементи за управување со Натура 2000 подрачје, согласно првата компонента за зајакнување на капацитетите за подготовка на план за управување, се одржа на 11.7.2019 во Општина Битола, со учество на претставниците од 23 различни организации од приватниот и јавниот сектор. На трибината беа претставени нацрт Студијата за валоризација на природните вредности со значење за Натура 2000, како и нацрт Планот за управување на националниот парк Пелистер, исто така, за видовите и живеалиштата од европско значење. Учесниците дискутираа за клучните вредности на Натура 2000, визијата за целите на управување, принципите и мерките на управување и зонирањето на заштитеното подрачје. На општо задоволство на присутните, твининг проектот ги презентираше новооткриените растенија и животни, коишто не беа претходно евидентирани во националниот прарк. Беше апелирано да се чува паркот од негативни влијанија, особено од антропогеното влијание, особено да се контролираат сечењето на дрва, диспонирањето на отпад и собирањето чаеви и недрвни шумски производи.